Првиот студент со Даунов синдром ќе чита поезија во „Јавна соба“

Од 21 до 23 септември во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Јас сум Цако“, чија цел е да го доближи светот на лицата со попреченост до другите луѓе. Во текот на манифестацијата ќе бидат одржани трибини, поетски читања, изложби, спортски, танцови и музички настапи, а ќе се собираат донации за лица со здравствени проблеми.

Организатор на оваа манифестација е Александар Матовски – Цако, добитник на наградата од УСАИД за извонреден придонес за младинско учество во 2016 година, но и водител на емисијата „Јас сум Цако“ на Радио МОФ.

Александар е првиот студент со Даунов синдром во Македонија. Има издадено две книги поезија и има кафеав појас во карате, со што секојдневно ги соборува сите бариери и стереотипи што се појавуваат пред него, а води и своја авторска радиоемисија каде што се разговара за сите проблеми, предизвици и дилеми на младите лица со попреченост во земјата.

Scroll to Top