Во Охрид се снимаше документарецот Biking Borders, кој деновиве ја имаше својата премиера на светските познати сервиси „Нетфликс“ и „Амазон „Прајм“.
Документарецот претставува дел од патувањето на двајцата другари Макс и Ноно, кои со велосипеди тргнаа од Берлин до Пекинг сè со цел да соберат донации за изградба на школо во Гватемала.
Во документарниот филм прикажани се убавините на градот и уште на неколку локации на Градиште и Галичица. Ова е првпат како овие места се прикажани на „Нетфликс“.
За прв пат Охридско Езеро, Охрид и Галичица на Netflix 🇲🇰 Со точаци од Пекинг до Берлин, низ Охрид хуманитарна мисија за изградба на школо….Локации и кадри Stojan Stojanovski 🇲🇰 како дел од цела хуманитарната мисија pic.twitter.com/RMcSqVyhnv
— Stojan Stojanovski 2S (@Stojan2s) February 22, 2021
Стојан Стојановски, кој ги направи видеата, вели дека документарниот филм ќе биде огромна промоција на Охрид и Охридското Езеро. Тие ќе бидат прикажани на сервис кој денес брои над 203 милиони корисници. Моментално премиерно Biking Borders се прикажува во Европа, а следните месеци ќе биде достапен во сите земји.