Путин им ги зголеми платите на руските космонаути

By

Рускиот претседател Владимир Путин најави покачување на платите за руските космонаути, пренесуваат светските медиуми. Покачувањето го потврдил и првиот заменик генерален директор за економија и финансии на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Максим Овчињиков.

Платата на потенцијалните космонаути, по зголемувањето ќе достигне во просек околу 300.000 рубљи, односно околу 3935 долари месечно, додека искусните космонаути ќе добијат повеќе од 500.000 рубљи, односно околу 6558 долари.

„Најавено е значително зголемување на платите, особено на кандидатите за космонаути, чија плата ќе биде зголемена за 70%. Оние кои веќе летале, ќе имаат зголемување за 50%, односно на нешто повеќе од 500.000 рубљи во просек“, изјавил Овчињиков, а пренесува „ТАСС“.

Според генералниот директор на „Роскосмос“, платите денес на астронаутите во САД, или Европа, се речиси двојно поголеми од оние на нивните руски колеги.

Конкретно, астронаутите од НАСА, примаат во просек околу 8000, до 9000 американски долари, додека астронаутите од Европската вселенска агенција добиваат плати во висина од 7000 до 8000 американски долари.

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven toradora anime heaven: Fairy Tail (Dub) (https://animeheaven.pro/m/AWKr) Episode 175

WCOStream watch anime: Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 24 (https://wcostream.cc/m/rPz/ep-24)