Путин ќе стави катанец на Си-ен-ен во Русија ако се затвори „Раша тудеј“ во САД

By

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ја затвори телевизијата Си-ен-ен во Русија ако Америка се обиде да ја затвори „Раша тудеј“ (РТ).

dobivaj vesti na viber

Рускиот комуникациски регулатор се огласи по повод американската закана дека ќе ја затвори државната телевизија велејќи дека тоа не е ништо повеќе отколку лов на вештерки откако претходно американскиот сенатор Марк Варнер коментара на својот Твитер-налог дека РТ претставува опасност за американската демократија.

Рускиот одговор беше цврст и јасен: „Ѝ се заканувате на телевизијата „Раша тудеј“, ние ќе го уништиме дејствувањето на Си-ен-ен во Русија“, мејнстрим-медиумот за кој рускиот регулатор тврди дека го крши рускиот закон за медиумите.

Рускиот комуникациски регулатор во петокот го обвини американскиот ТВ-канал „Си-ен-ен интернешнл“ го крши рускиот медиумски закон и изјави дека ги повикал претставниците на ТВ-куќата на разговор во врска со тие предмети, јавува „Ројтрес“.

Руското министерство за надврешни работи го обвини Вашингтон во четвртокот дека создава неоправдан притисок на руската телевизија РТ и предупреди дека Москва би можела да изврши контрамерки како мило за драго.

Претседателот Владимир Путин изјави на состанокот на Советот за безбедност на Русија во петокот дека на руските медиуми што работат во странство им се врши неприфатлив притисок, изјави портпаролот Дмитри Песков.

Регулаторот за комуникации „Роскомнадзор“ наведува во соопштенето на својата интернет-страница дека ќе го предупреди Си-ен-ен за наводните повреди на законите и додаде дека ги прекршил условите за својата дозвола за емитување.

Не рече што, всушност, е повредата на рускиот закон кој американскиот ТВ-емитер ја направил додавајќи дека ќе продолжи системски да ја следи страницата на масовните медиуми што се регистрирани во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така го изнесе своето мислење за хистеријата и монтираниот притисок под кој во моментот е телевизијата РТ и дека таквиот притисок на руските медиуми е неприфатлив, но и дека на сите непријателски акции против руските медиуми во САД ќе им биде одговорено со мило за драго.

Дуран извести дека главната уредничка на РТ, Маргарита Симoнјан, изјавила дека таа не била свесна оти плаќањето на огласувањата на социјалните мрежи, како што е „Твитер“, сега се смета за сомнително или штетно во развојот на демократијата, како што се Соединетите Американски Држави.

„Тоа нè присилува да одиме чекор понатаму и да дојдеме на чисто за што сме ги потрошиле парите – на огласување на аеродромите, во таксито, на плакатите, на интернет, на телевизијаta и радијата. Дури и Си-eн-eн ги вртеше нашите реклами“, изјави Симонјан.

„Слични кампањи водеа и американските медиуми на рускиот налог „Твитер“. Ќе биде многу интересно да се дознае колку потрошија на кампањата и за која цел.

 

 

 

Ќе ви се допадне