Путин му се закани на Цукерберг: „Ќе ве блокираме!“

By
Руската влада разбира дека „Фејсбук“ е уникатен сервис, но вели дека нема да прави исклучоци кон никого и веќе од наредната година ќе го блокира доколку тој не се усогласи со руските закони.Директорот на Сојузната агенција за комуникации на Русија, Александер Жаров, изјави денеска дека Агенцијата ќе го блокира пристапот до „Фејсбук“ веќе в година доколку таа компанија не ги складира своите податоци на локално ниво.Како што изјавил Владимир Путин за руската новинска агенција, тој ќе работи на тоа да го принуди Фејсбук да се усогласи со законите во оваа земја во насока на заштитување на личните податоци. Имено, според законите, странските компании ќе бидат обврзани податоците да ги складираат во Русија, пренесува агенцијата AП.

dobivaj vesti na viber

Според неговите зборови, руската влада разбира дека „Фејсбук“ е уникатен сервис, но дека нема да прави исклучоци и дека ќе го блокира в година доколку тој не биде усогласен со руските закони.

 

Ќе ви се допадне