Московскиот Патријарх и на цела Русија, Кирил, служел велигденска литургија во Храмот Христос Спасителот во Москва.
На литургијата меѓу илјадниците насобрани луѓе, присуствуваше и претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот Дмитириј Медведев и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Нешто пред полноќ во црквата е внесен и Светиот оган од Ерусалим.
Патријархот Кирил во обраќањето до верниците повика да се грижат за оние околу себе ѝ на оние на кои им е потребна нивната помош.
„Нека велигденската радост го исполни секое срце и секој дом, така што сите да можеме да го доживееме воскресението на Христос, не само по зборовите, туку и по делата“, изјавил тој.