Путин повторно ќе може да се кандидира за претседател

Руската државна дума на пленарна седница усвои закон со кој му овозможи право на Владимир Путин повторно да се кандидира за претседател на земјата. Авторите на иницијативата за претседателските мандати се пратениците Павел Крашеников и Олга Савастијанова.

Исто така иницијатор е и членот на Советот на федерацијата Андреј Клишаш, кој заедно со Павел и Олга во ноември минатата година го предложија законот во Руската државната дума.

 Законот предвидува дека за претседател на земја може да биде избран државјанин на Русија кој има најмалку 35 години, кој има постојано живеалиште во Русија најмалку 25 години и никогаш да нема државјанство или дозвола за престој во друга земја.

Законот исто така предвидува дека должноста шеф на Централната изборна комисија може да ја изврши руски државјанин кој наполнил 30 години.

 

Scroll to Top