Путин се возеше во новата лимузина на формула 1 патека

Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси, се повозија вчера во Сочи по патеката на формула 1.

Путин ја возеше „аурус сенат“ лимузината од својот богат возен парк, а во автомобилот му се приклучи и колегата од Египет.

Лидерите претходно тој ден се состанаа за да разговараат. Потоа тргнаа во обиколка на возниот парк, каде имаа можност да ги видат и другите два модела на „аурус“.

 

Scroll to Top