Путин в понеделник доаѓа на генералната воена проба – НАТО во паника!

Членките на НАТО се загрижени поради руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“, особено источноевропските членки на алијансата кои стравуваат дека Русија би можела да ги нападне, наведува „Дојче веле“.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека в понеделник се очекува присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин, на руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“, пренесува „Ројтерс“.

Песков наведе дека Путин ќе ги следи вежбите од командниот центар во близина на Санкт Петербург.

И покрај сите руски обиди за смирување, членките на НАТО се загрижени поради руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“, особено источноевропските членки на алијансата кои стравуваат дека Русија би можела да ги нападне“, наведува Дојче веле“.

„Дојче веле“ се прашува дали Западот, всушност НАТО, е имагинарен непријател на руско-белоруската воена вежба наречена „Запад 2017“. Се наведува дека Министерството за одбрана на Русија тоа го негира и тврди дека маневарот е од целосна дефанзивна природа и не е насочен кон една земја, ниту кон група земји.

„Избравме воени тврдини кои се доста далеку од границата на Укирана, Полска, Литванија и на Летонија“, додава советникот на белорускиот министер за одбрана, Олег Војнов, наведува „Дојче веле“.

Се наведува дека двете војски имаат фиктивни непријатели на кои им ги дале и имињата: Вајшорија, Лубенија и Весбарија.

Но, балтичките земји и Полска стравуваат дека тоа би можело да бидат и нивните имиња, тие сè уште добро ги чувствуваат последните руски воени вежби, кои така ги нарекуваше Западот од 2013 година. Неколку месеци подоцна Русија го зазема украинскиот полуостров Крим и таму, како што е познато, остана.

 

Scroll to Top