Ракетниот систем ПВО произведен во Русија соборил 71 ракета над Сирија

Руската војска соопштила дека системите за противвоздушна одбрана со руско производство биле многу ефикасни во пресретнувањето на ракетите што биле лансирани од страна на САД, Велика Британија и Франција ноќта меѓу петокот и саботата.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, изјавил дека сириските сили користеле противвоздушна одбрана „Панцир S-1“ со руско производство за време на нападите на западните земји врз Сирија.

Генералот вели дека сириските сили лансирале 112 ракети и собориле 71 од 103 ракети, кои влегле во воздушниот простор во Сирија.

Пентагон претходно соопштил дека ниту една ракета не е соборена над Сирија.

 

 

Scroll to Top