Рамос паднал на допинг тестот по финалето во ЛШ со Јувентус

Капитенот на најтрофејниот фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Серхио Рамос, паднал на допинг тестот по финалето во Лигата на шампиони во 2017 година во Кардиф. Уште поскандалозно е што Европската фудбалска унија УЕФА, успеала да го заташка целиот случај. Реал Мадрид ги отфрли најновите обвинувања, реагирајќи со соопштение.

„Серхио Рамос никогаш не ги прекршил антидопинг правилата. УЕФА барала конкретни информации и тој случај веднаш го затвори по тестовите кои ги направија експерти од Светската антидопинг агенција и самата УЕФА. Што се однесува до остатокот на содржината во споменатата публикација, клубот нема да дава никаков коментар“, стои во соопштението на трикратниот шампион на Европа.

Рамос со остатокот на играчи на Реал Мадрид, денеска допатува во Еибар каде го играше 13. меч во Примера со истоимениот тим. Кралскиот клуб изгуби со 3:0.

Scroll to Top