Раскошната празнична декорација во Белата куќа пресликана како од хорор-приказна

Божиќната декорација во Белата куќа, која ја осмислила првата дама на САД, Меланија Трамп, стана цел на критики и исмевања од твитерџиите.

Откако се пофали дека самата ја дизајнирала декорацијата, американските медиуми пишуваат дека сопругата на Доналд Трамп станала тема на потсмев не само кај демократите туку и кај републиканците.

„Меланија всушност вежба за серија во која ќе глуми дека повеќе не е прва дама, а која ќе се вика ‘Хорор во Белата куќа за Божиќ’. За некои Американци вистинскиот хорор не е во Холивуд туку во Русија. Ако некогаш сте се двоумеле во врска за соработка на Трамп и Русија, еве доказ, дури и елките во Белата куќа се црвени.

Колонадата црвени елки покриени со црвени бобинки е карактеристична за божиќното украсување, а главна тема била „богатството на Америка“, низ што видливо се провлекува и хуманитарната кампања на Меланија посветена на децата Be best.

Scroll to Top