Речиси 30 милиони Американци немаат доволно храна за да преживеат

Речиси 30 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави се изјасниле дека минатата недела немале доволно храна.

Ова го покажуваат податоците од неделната анкета направена за потрошувачката на домаќинствата од страна на американското Биро за попис на населението.

Податоците од анкетата се објавени во средата и покажуваат дека околу 29,3 до 249 милиони испитаници изјавиле дека во периодот од 16 и 21 јули, понекогаш, а и доста често, немале доволно за храна.

Тоа значи дека речиси 12 % од испитаниците изјавиле дека немале доволно храна во последните седум дена.

Ова е најголемиот број на лица за кои се наведува дека немаат пристап до доволна количина храна од почетокот на анктетирањето пред 12 недели.

Тие податоци доаѓаат кога со голема брзина опаѓа економското производство, што довело до висока стапка на невработеност.

Бројот на Американци што поднеле барања за државен надомест за невработени минатата недела изнесувал 1,43 милион, објавиле од Министерството за труд.

Scroll to Top