Редок розов дијамант продаден 22 милиона евра

Редок виолетово-розов дијамант е продаден за 22,55 милиона евра на аукција во „Сотби“ во Швајцарија. Името на купувачот не се соопштува. Скапоцениот камен од 14,8 карати е наречен „Дух на розата“, а цената ја достигна благодарение на неговата големина, ретката боја и беспрекорно чистата структура.

Овој дијамант е пронајден во Русија во рудникот „Алроса“ во 2017 година. Тоа е најголемиот дијамант од ваков вид што е понуден на аукциско наддавања досега. Интересно е што 99 отсто од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати.

Scroll to Top