Ремек-дело на Ботичели на аукција за 80 милиони долари

 

Сликата „Млад човек со диск“ на Сандро Ботичели се очекува да достигне 80 милиони долари на наддавање на аукциската куќа „Сотби“, закажано за денеска во Њујорк

За уметничкото дело се верува дека е насликано 1470-тите или 80-тите, и тоа се смета за еден од најдобрите портрети на Ботичели и е најзначајниот дел од продажбата на „Мастер неделата“ на „Сотби“. Сликата со плоштина 58 на 39 сантиметри прикажува момче во доцните тинејџерски години со долга „златна“ портокалова коса, како држи диск на кој има брадест светец.

„Оваа слика ја симболизира и прикажува ренесансата во Фиренца. Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот.Тоа е ремек-дело“, вели Кристофер Апостел, потпретседател на аукциската куќа.

Наддавањето ќе биде виртуелно. На него ќе се најде и „Портретот на Адел Блох-Бауер Втори“ од Густав Климт, кој беше продаден за 87,9 милиони долари во 2006 година, натаму – „Портретот на д-р Гачет“ на Винсент ван Гог, кој достигна цена од 82,5 милиони долари во 1990 година, како и една од 136-те слики со библиски мотиви на Рембрант. „Абрахам и ангелите“ на холандскиот сликар, се очекува да достигне цена меѓу 20 и 30 милиони долари.

Scroll to Top