Ресторан со разголени келнери хит во Кина

Ресторан во кој се служи традиционална кинеска храна стана хит во Кина оти келнерите служат топлес. Ова предизвика и жестока онлајн-дебата затоа што во ресторанот „Лајан“, во еден од најстарите кинески градови Сијан, работат мускулести машки модели. Облечени само во панталони и престилка изгледаат доста секси. Поради нив, доаѓаат многу гости, особено жени, кои постоjано се фотографираат со нив, па дури ги канат да им се придружат на масите.

Повеќето од реакциите на социјалните мрежи се позитивни, но во анкетата на весник од Шангај повеќе од половина од 2.850 испитаници рекле дека е навредливо.

„Ако на мажите им е дозволено да гледаат женски модели во долна облека, зошто и жените да не може слободно да го прават истото. Сѐ додека не се нудат сексуални услуги и не се кршат закони, не е недостоинствено“, вели една гостинка во ресторанот.

Сопственикот Ма Ју вели дека гостите треба да си поминуваат убаво. „Се надевам дека визуелно уживаат и дека целиот ресторан носи позитивно искуство за муштериите“, вели тој.

Scroll to Top