Режисерот Чанг Каи и неговото семејство починаа од коронавирусот

Кинескиот филмски режисер Чанг Каи заедно со целото негово семејство починаа од коронавирусот, пренесуваат светските медиуми. Од опасниот вирус починале неговата сестра, мајка и татко, а сопругата е во тешка состојба.

Чанг се разболел од вирусот во јануари. Се обидел да се смести во неколку болници, но во ниту една не успеале да му обезбедат кревет. Починал на 14 февруари, а само неколку часа по неговата смрт, починала и неговата сестра.

Стапката на смртност во Вухан и околните места во градот, од опасниот вирус, биле поголеми во однос со другите места низ Кина. И покрај изградбата на нови болници, голем број од пациентите велат дека имаат пoтешкотии да најдат кревет во болниците, поради ограничениот капацитет.

Властите се приморани да ги носат пациентите за кои се сомневаат дека се заболени од коронавирусот во карантин. Понекогаш се приморани и да применат сила, пишуваат кинеските медиуми.

 

 

 

Scroll to Top