Ри жената на Ким Џонг ун, полагала спеицјален курс за да стане прва дама

Севернокорејскиот претседател Ри жената на Ким Џонг ун, полагала спеицјален курс за да стане прва дама, не само што сите ги изненади со посетата во Пекинг, туку со него ја поведе и сопруга. Тоа не би било ништо чудно, доколку ова не било негово прво излегување од земјата по 6 години.

И за неговата жена, Ри Сол ју, се знае многу малку. Не е познато кои и се родители, и како и изгледал животот пред да се омажи за Ким. Не се знае дури ни колку години има.

И нејзиното име е објавено со голема тајност. Аналитичарите сметаат дека Ри е всушност псевдоним, за да нејзиниот живот пред бракот остане непознаница.

Ким и Ри, прв пат се имаат запознаено во јавност на еден концерт во 2012 година, а потоа било соопштено во јавноста дека таа  му е сопруга, но деталите досега не се објавени.

До 2014 година, заедно се видени повеќе пати, а потоа Ри, се донеодамна, воглавно исчезнала од видеокругот на јавноста. Извори од Јужна Кореја тврдат дека некогаш била навивачка и пејачка, и дека е родена во периодот меѓу 1985 година и 1989 година.

Во 2005 година наводно допатувала на Светското првенство во атлетика во Јужна Кореја, како дел од навивачкиот штаб на Северна Кореја. Се зборува дека пеела во Оркестарот Унхасу, кој настапувал за Ким и неговиот татко, за време на новогодишниот концерт во 2010 година.

„Можно ли е да Ким Џонг ун, ја избрал за жена откако ја видел во концертната сала“, прашуваат медиумите.

Би-Би-Си, напишал дека пејачката група ја нарекуваат Ро Сол ју, но никогаш не е потврдено дека таа и сопругата на Ким се иста личност. Дејли Мејл пренесува дека таа морала да полага 6 месечен курс за подготовките за брак со Ким.

Јужнокорејските безбедносни служби веруваат дека станува збор за пејачка, но велат дека нејзиното вистинско име е Хјон Сонг вол и дека го променила откако се венчала со Ким.

Ри се омажила за кратко време за Ким во 2009 година, затоа што Ким Џонг ил, кој доживеал мозочен удар, сакал да осигура свој наследник. Така се верува дека првото дете го родила следната година, а во 2013 година и 2016 година, уште два пати се породила по што исчезнала од јавноста.

Американската кошаркарска ѕвезда и пријател на Ким, Денис Родман, ја споменал во едно интервју, и дополник дека нивното второ дете се вика Џу Ае, додека за останатите деца не знае ништо.

Пред да се омажи за Ким, Ри била најпрестижна во образовната установа во Северна Кореја, Универзитетот Ким Ли сунг, каде полагала седумесечен курс за да се подготови за функцијата за прва дама.  На истиот универзитет наводно негколку години претходно дипломирала.

Ри е родена во североисточната провинција Хамхјонгбутко. За мајка ѝ се верува дека е лекарка, а татко и предава на униерзитет. Со самото тоа, таа припаѓа на политичка елита, затоа што тие места се резервирани за луѓето кои се најлојални на режимот. Се тврди дека е роднина на Ри Пјонг чол, поранешен генерал на севернокорејското воено воздухопловство и близок советник на Ким Џонг ун.

Ри исто така е позната по тоа што ја сака модата. Во првиот извештај за младата двојка, медиумите пишувале дека носела црн костим во „Шанел“ стил и дека куварот на Ким, Кенџију Фудџимоту и подарил ташна од „Диоров“.

Фудџимото првата дама ја опишал како исклучително шармантна личност.

„Не можам да го опишам нејзиниот глас, кој е така благ“, вели тој.

Јужнокорејските дипломати, кои неодамна ја посетија Северна Кореја, за да преговоараат со Ким, велат дека Ри им се приклучила на преговарачката маса, дека двојката изразувале взаемна наклоност и дека делувале како да се рамноправни.

 

Scroll to Top