Риба му скокнала во чамецот и го убила

Голема риба, тешка околу 18 килограми од видот скуша, во петокот усмртила рибар, соопштиле денеска од полицијата во градот Дарвин во Северна Територија во Австралија.

Рибата наводно скокнала во чамецот, го удрила мажот во градите и го усмртила. Во соопштението на полицијата се вели дека рибата го изненадила рибарот.

Тој паднал, а луѓето кои се нашле во близина, се обиделе да го спасат. Сепак кога полицијата дошла, можела да утврди дека човекот починал на лице место.

Портпаролот од итната помош изјавил дека луѓето се обиделе да му дадат прва помош и се обиделе да го оживеат, но безуспешно.

 

 

Scroll to Top