Ритуал за уништување на негативната енергија од домот

By

Сите ние сме создадени од енергија, а секојдневно сме изложени на негативни вибрации. Таа е во вестите кои ги читаме, во сообраќајната гужва, а можеби дури и во нашиот дом. Поради тоа е важно да го заштитите своето енергетско поле, чувајќи ја физичката и менталната хармонија и стабилност.

Овој мал „ритуал“ кој се состои од пет чекори помага да се заштитите од негативната енергија:

1. „Затворете“ ја својата аура

Во пријатно опкружување вашата аура треба да биде отворена и да ги прими сите позитивни вибрации. Меѓутоа, кога сте изложени на негативна енергија, особено во комуникација, важно е да ја заштитите својата аура од лошите вибрации. Доколку во текот на разговорот чувствувате негативна енергија, прекрстете ги рацете и нозете и на тој начин пружете си чувство на сигурност. Овој трик се вика привремено „затворање“ на аурата.

2. Позитивно опркужување

Заслужувате добра енергија, позитивни луѓе околу себе и пријатни чувства. Затоа избегнувајте да одите на места на кои се чувствувате лошо и одалечете се од токсични личности кои ви пренесуваат негативни вибрации.

 

3. Не паѓајте во замката на негативната енергија

Во текот на негативната комуникација или расправија, не наседнувајте на негативната замка. Не дозволувајте во вас да се разбудат негативни мисли, туку фокусирајте се на нешто попозитивно. Во негативни ситуации мислете на позитивни исходи, спомени, случувања кои претстојат и на тој начин ублажете го бранот на негативна енергија.

4. Медитарајте и бидете физички активни

И физичката и менталната снага се неопходна заштита од негативноста. Со редовно вежбање и медитација ќе го зајакнете својот дух и освежете ја самодовербата, но и ќе се ослободите од од веќе насобраната негативна енергија. Со вежбањето ќе го прочистите вашето тело и ум, а медитацијата вашата аура.

5. Направете околу себе енергетски штит

Визуализацијата на замислен штит кој е како балон од сапуница или бела светлост која стои околу вас кога се соочувате со негативна енергија. Во текот на медитацијата затворете ги очите и замислете како негативната енергија излегува од вашиот ум и тел, како ве напушта. Почувствувајте се слободно и растеретено. А потоа замислете како ви се приближува бела светлост која ве опкружува како меур, почувствувајте топлина, мир и заземнување.

Со визуализацијата на заштитниот штит зајакнете ја вашата вера дека имате можна енергија и чиста аура која ништо не може да ја наруши и извалка.

Ќе ви се допадне

Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 10 at website https://animeflix.nl animeflix blood c

Dragon Ball Super (Dub) Episode 131 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime

AnimeHeaven