Родено прасе со едно око

Да биде работата побизарна, прасето имало човечки лик.На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа прасе со човечки лик, едно око и пенис на главата. Мутантот е роден во Кина и, иако звучи неверојатно, тоа не е првпат. Имено, во 2015 година за само неколку дена во Кина и во Шкотска биле родени две прасиња со пенис на главата.

Во 2015 година еден фармер во Кина дури и понуди пари за откуп на прасето мутант, кое стана хит на социјалните мрежи. За жал, набргу потоа прасето почина.

На снимката со новото прасе мутант се гледа како една девојка од Кина гордо го држи необичното животно, кое цело време се бори за воздух и умира само неколку часа по раѓањето.

Никому не му е јасно зошто се случува ова, но станува збор за бизарна генетска мутација.

Scroll to Top