Родилка од Кочини на 52 години првпат стана мајка

Денеска во специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир се породи 52-годишна жена. Веста ја потврдија од болницата и ова беше нејзината прва бременост. Родилката е од Кочани, таа роди ќерка и бебето и мајката се во добра здравствена состојба.
Пред само шест дена уште една ваква вест пристигна од истата болница. Тогаш се породи 50-годишна жена која 27 години водела битка со стерилитет.

Scroll to Top