Родителите го избркале од дома на 17 години – Јапонец, од бездомник, станал сопственик на компанија тешка милијарди

Приказната за стекнатото богатство на Јапонецот Таихеи Кобајаши е една од најинтересните што се раскажува во малите фирми во Јапонија. Тој е сопственик на компанија која им помага на фирмите да дизајнираат и да создаваат нови бизниси и производи.

Кобајаши вели дека од спиење на улиците на Токио успеал да стигне на чело на технолошки гигант, чија пазарна вредност денес надминува над милијарда долари.

Тој вели дека неговите родители го избркале од дома на 17 години затоа што го напуштил средното училиште и продолжил да свири со својот бенд. Тие не ја прифатиле одлуката да го напушти училиштето и планирале да му овозможат да стекне универзитетско образование.

„Ми кажаа да си одам и си заминав. Тоа беше тоа. Сакав да го живеам својот живот работејќи го она во кое уживав“, изјавил Кобајаши.

Преку ден пуштал музика и спиел на отворено користејќи картонски кутии за да се загрее во студените зимски ноќи. Останал бездомник две години. Две зими поминал на улиците во окрузите Шинџику и Шибуја во Токио.

„Зимите беа студени. Можев да умрам. Спиев каде што ќе стигнев. Речиси 80 % од времето бев на отворено“, ја раскажува Кобајаши својата приказна.

Тој вели дека постојано бил бркан од улиците, а на крајот успеал да се вработи во еден клуб преку свој пријател од школските денови.

По шест години поминати во клубот и пуштање музика, тој нашол оглас за работа во фирма што го обучила за софтверски инженер. Потребни му биле само вештини по математика, логичко размислување и коефициент на интелегенција.

Кобајаши го минал тестот и почнал да работи во фирмата. Таму го запознал Макото Хираи, еден од основачите на компанијата Sun*, а двајцата се согласиле дека имало голем број инженери што се истакнувале во програмирање, но малку биле од оние што осмислувале работни модели.

Се согласиле да основаат компанија како би го надминале тој јаз. Кобајаши во 2013 година ја основал компанијата Framgia Inc, која во 2019 го променила името во Sun*. Идејата била да ангажира инженери што би им помогнале на јапонските старап-компании.

„Нашиот став беше да се посветиме на растот на тие стартапи, без разлика дали ќе влеземе во губиток“, изјавил Кобајаши.

Сега неговата компанија има повеќе од 70 клиенти. Неговите акции пораснале за речиси шест пати во септември, а пазарната вредност достигнала над 1,4 милијарда долари. Компанијата за девет месеци, сè до септември, остварила нето-приход од 649 милиони јени (6,2 милиони долари).

Кобајаши вели дека неговата компанија соработува со големи компании, како Nikkei 225 Stock Average, Masaioshi Son’s, SoftBank Corp и други.

„Сакаме да бидеме агресивни во давањето на нашите услуги на големите корпорации“, изјавил Кобајаши, кој вели дека повторно се смирил со родителите и дека времето поминато на улиците во Токио се далечни спомени.

Scroll to Top