Роналдо најави заминување од Реал Мадрид?

По историоското финале во Лига на Шампиони, во кое Реал Мадрид го победи Ливерупул со 3:1, во Киев, најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, изјавил дека го напушта кралскиот клуб.

„Беше убаво во Мадрод, а во наредните неколку дена ќе им дадам одговор на навивачите кои секогаш беа на моја страна. Направивме историја и сега треба да уживаме“, изјавил Роналдо.

На Португалецот ова му беше петти пехар во Лига на Шампиони. Еден освои со Манчестер Јунајтед, а четири со Реал Мадрид.

Многумина ги протолкуваа овие негови зборови, како последни во дресот на Реал Мадрид.

Scroll to Top