Роналдо правел најмногу проблеми во Реал Мадрид

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, откри дека поранешната ѕвезда во клубот на Реал Мадрид, Бразилецот Роналдо, ги правел и најголемите проблеми.

„Роналдо беше најголем талент со кој работев. Се разбиравме еден со друг. Но, тој ги правеше и најголемите проблеми“, изјавил Капело.

„Се забавуваше до бескрај. Еднаш Руд Ван Нистелрој му кажа дека поради него, целата соблекувална мириса на алкохол. Кога се пресели во Милан во 2007 година, почнавме да победуваме. Што се однесува до талентот, тој беше најголем без сомнение“, изјавил Капело.

Италијанскиот тренер го предводеше „кралскиот клуб“, во два наврати, од 1996/97 и во 2006/07, и има освоено две титули во Лига на шампиони.

Scroll to Top