ROSU е специјална косовска единица или обична вооружена банда?

Специјалците на ROSU го приведоа Марко Џуриќ, но целата акција, најблаго речено, можела да предизвика крвопролевање.

Ова се пет моменти од акцијата што покажуваат колку на специјалните единици на Приштина им недостига знаење.

  1. Без стратегија 

Самата идеја високоризичното апсење да се изврши на ваков начин покажува дека немало сериозно планирана акција. Да имало ROSU никогаш не би допуштила  Џуриќ да биде заклучен во затворен објект, кој очигледно има само еден влез и кој го „обезбедуваат“ најмалку десетина Срби. Прво требало да дејствуваат известувачки структури, а потоа и тактички. Наместо тоа бил направен кордон на ROSU кој бил лице во лице со Србите. Во овие тензични десетина минути малку фалело да падне крв.

  1. Опрема и хаос

Од почетокот на снимката на акцијата и апсењето во кое се гледа пристигнувањето на ROSU пред свечената сала во северномитровичката општина може да се забележат низа пропусти. Прво на снимката се гледаат оперативци на ROSU кои немаат фантомки, туку лицата им се покриени со шал. На еден од нив му испаднал дел од опремата, па среде акцијата ја враќа на себе. Пушките што специјалците ги носат не се исти. На снимката може да се избројат дури четири различни видови оружје во рацете на припадници на ROSU.

  1. Непочитување на старешините

Додека имало метеж пред свечената сала лидерот на единиците се обидува да преговара со градоначалникот на Митровица, Горан Ракиќ, и другите Срби кои го блокирале влезот на ROSU во објектот. За целото тоа време другите специјалци не формираат кордон, туку во несредена формација повремено излегуваат и ги туркаат Србите. Нередот настанува кога еден од специјалците се пресметува со Србите и добива удар, по што тргнува пробојот.

  1. Бомба под своите нозе

Самиот упад во објектот изгледал хаотично, речиси аматерски. Фрлени се две шок-бомби врз Србите за да ги раздвојат. Првата пукнала пред кордонот на ROSU, додека другата пукнала директно под нозете на еден од специјалците кој за тоа време ги одбивал Србите во агол. „Специјалците“ речиси ги повредиле сопствените луѓе во моментите на овој пробив.

  1. Приведувањето на Џуриќ

Самото апсење на Марко Џуриќ, според она што може да се види на снимките и фотографиите, обележано е со употреба на прекумерна сила. Невооружениот човек, кој ги подигнал рацете и не пружа отпор, кој не само што не е криминалец туку е висок државен службеник, се приведува грубо со лисици, главата му е наведната кон земја, како да се очекува насилна реакција. Специјалните единици се одлучни и брзи во своето дејствување, но никогаш не користеле ваков вид сила над цивилите.

 

 

Scroll to Top