Русија гради моќен ласер со кој ќе се уништува вселенскиот отпад

Руската Агенција за вселенско истражување „Роскосмос“ планира да го уништи ѓубрето во ниската Земјина орбита со помош на силен ласер поставен на телескоп висок три метри.

Доколку пробата биде успешна, со овој метод ќе се осигури безбедноста за понатамошните истражувања во вселената. На развојот на оваа технологија работела Корпорацијата за прецизни системи, инаку разгранок на „Роскосмос“.

Во својот извештај руската Академија за науки побарала поддршка за истражување и развој, како и за експериментални проби со ласерот, кој со својот зрак може да го уништи вселенскиот отпад.

Силниот ласерски топ е поставен на три метри висок телескоп, чија градба е во тек. Овој телескопот е предвиден за набљудување на сателитите и потенцијалниот опасен вселенски отпад. Во случај на одобрување на ваквиот проектот, тој би бил преработен во голем ласер.

Во извештајот, во кој увид имала руската новинска агенција „РИА новости“, се наведува дека агрегатот создава енергија која му е потребна на ласерот за да го уништи отпадот од вселенските бродови. Станува збор за отпад од типот, на пример, изгубени ракавици на астронаут во Земјината орбита или слично.

Според претпоставките на американската Агенција за вселенски истражувања на НАСА, во вселената има повеќе од 500.000 парчиња отпад.

„Релативно мал дел од орбиталното ѓубре може да им нанесе штета на леталата и сателитите. Од речиси 500.000 парчиња отпад, 20.000 се поголеми од топка за бејзбол“, се вели во соопштението на НАСА.

 

Scroll to Top