Русија со извозот на пченица храни половина планета

By

Извозот на храна од Русија, каде што доминираат пченицата и рибата, минатата година порасна на рекордни 19 милијарди долари, наведува рускиот извозен центар.

Потрошувачката на руска храна наводно пораснала 25 отсто од 2012 година. Земјата исто така го засилила извозот на производите како што се слатките и шеќерот, пишува „Раша тудеј“.

Во последните неколку години земјата успеа да придобие повеќе од половината на пазарот на пченица и да стане најголем светски извозник на зрна на пченица благодарение на големите жетви и атрактивни цени, наведува „Блумберг“.

Извозот, како што известуваат руските медиуми, е поставен да направи уште еден рекорд оваа сезона. Се очекува Русија да продаде 36,6 милиони тони пченица во странство, се наведува во консултанската агенција SovEcon во Москва и Институтот за студии на земјоделскиот пазар.

Речиси половина од светските народи купуваат пченица од Русија, која со години помага во зголемувањето на своите приноси во обид да ја заузда својата зависност во извозот на земјоделски производи. Во 2014 година Москва забрани купување на некои прехранбени производи од западните земји како одмазда за санкциите.

Зголемената цена на пченицата исто така ѝ помогна на Русија минатата година да заработи повеќе од продажбата на храна, наведува директорот на компанијата SovEcon, Андреј Сизов, како што цитирала агенцијата.

Египет, кој увезува огромни количини пченица, стана главен меѓународен купувач на руската пченица. Минатата година земјата ја престигна Кина и стана најголемиот купувач на руска храна првпат по 2012 година.

Според извозниот центар, египетскиот увоз на руска храна, вклучувајќи ги и пченицата и сончогледовото масло, пораснале 44 проценти, на 1,74 милијарда долари во 2017 година, а Кина увезла прехранбени продукти, како риба и маслинови растенија, во износ од 1,72 милијарда долари.

Русија очекува зголемување на извозот на жито во Кина бидејќи Пекинг ги укина барањата за карантин и за санкции во понеделникот овозможувајќи увоз на пченица од шест руски региони.

 

 

 

Ќе ви се допадне