Русија направи музеј од палатата на последниот руски цар Николај Втори

Палатата „Александар“ е последната резиденција на последниот руски цар Николај Втори. Таа повторно го доби сјајот што го имала во раните 1920-ти, пред да биде уништена од Втората светска војна и ремоделирањето на Советскиот Сојуз. По речиси десетгодишна реставрација, палатата е отворена за јавноста како музеј, а се наоѓа надвор од Санкт Петербур

„Оваа пaлата, по сè изгледа, ќе биде последната голема руска империјална палата која ќе стане музеј“, објаснува научничката Татјана Андреева. И сето ова е резултат на долгогодишната истражувачка работа на Андреева и голем број колеги, кои повторно ги создале ентериерите работејќи со неколку матни слики во боја, илјадници црно-бели фотографии, неколку акварели, тапети, како и мемоари за животот во палатата.

По повеќе од еден век од крајот на руската монархија, по егзекуцијата на Николај Втори, неговата сопруга, четирите ќерки и нивниот син од болшевиците во 1918, историчарите се потрудија да го ископаат царското минато на земјата.

За некои од нив, палатата „Александар“ стана симбол на помирувањето на Русија со нејзиното минато.

Повторно отворената палата ќе им овозможи на посетителите да се нурнат во дел од историјата на земјата и сами да проценат каков бил Николај Втори, смета Лев Лурие, специјалистка за историјата на Санкт Петербург и семејството Романови.

„Музејот е театар, со претстава која се прикажува без актери“, рече таа.

 

Scroll to Top