Русија се закани дека ќе ги укине „Фејсбук“ и „Твитер“

Руските служби се заканија дека ќе ги укинат социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“, доколку не успеат нивните правила на уредување да ги усогласат со рускиот закон за податоци.

Русија им даде на двете најголеми социјални мрежи рок од девет месеци да се усогласат со руските закони. Во тој период „Фејсбук“ и „Твитер“ треба да ги префрлат податоците за корисниците на сервери во Русија, јавува руската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на изјава на шефот на руската Федерална агенција за комуникација, Александар Жаров.

Жаров изразил очекувања дека Русија на крајот нема да ги блокира „Твитер“ и „Фејсбук“.

Scroll to Top