Русија: „Твитер“ го крши законот, не ги брише забранетите содржини, спорни повеќе од 2800 твитови

„Твитер“ го крши рускиот закон затоа што не ги брише информациите кои се забранети во Русија, иако „Роскомнадзор“ (Федералната служба за надгледување на комуникации, информациони технологии и масовни медиуми), тоа го бара, јавува агенцијата „ТАСС“.

Бројот на поплаки од „Роскомнадзор“, кои „Твитер“ ги одби, ја надмина бројката од 2800.

„Од 2017 година, социјалната мрежа „Твитер“ не избришала 2862 твита, со забранета содржина“, е наведено во соопштението на „Роскомнадзор“.

Оттаму се додава дека оваа агенција испратила повеќе од 28.0000 барања до американската социјална мрежа, да го отстрани метеријалот за забранети податоци.

Од 1. февруари, во Русија на сила е закон, според кој, социјалнит мрежи мораат само да идентификуваат и блокираат забранети содржини, а се бара и мрежите веднаш да превземат мерки за бришење и забрана.

Доколку не се во можност веднаш да пристапат до содржината во рок од 24 часа, административните тимови на социјалните мрежи, мораат да испратат податоци до „Роскомнадзор“.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top