Русинка (42), која веќе има четири деца, родила девојче, тешко 5.900 килограми, а новопечената мајка самата се породила дома, без никаква анестезија, пишува mirror.co.uk.
Лекарите соопштиле преку медиумите дека мајката и бебето се чувствуваат добро. А портпаролот на болницата каде што е примена жената на преглед изјави дека станува збор за патологија и дека бебето има премногу килограми.
Тој додал дека бебенцето има проблем со слухот, а предупреди дека до другите здравствени проблеми може да дојде во иднина.
Просечната тежина на европските бебиња е нешто малку поголема од 3 килограми.
Според Гинисовата книга на рекордите, најтешкото бебе што е родено е од Италија, кое има речиси 10 килограми. Родено е во градот Аверс во септември 1955 година.