Руска пензионерка ја освои најголемата награда на лото, неверојатно 7,2 милиони евра

Пензионерка од Русија освоила половина милијарди рубљи, односно 7,2 милиони евра на лотарија, што е најголемата добивка во руската историја.

Во однос на американскиот и европски џекпот, половина милијарди рубљи и не е така голема добивка, но и тоа како е голема сума за еден просечен руски пензионер чија пензија изнесува околу 200 евра месечно.

Државната лотарија Столото, објави дека Наталија Власова (63) од Вороњешката област, 600 километри јужно од Москва, недела дена по извлекувањето открила дека станала среќната добитничка на лотарија.

Во видео снимката објавена на интернет страницата на лотарија, Власова вели дека нејзината внука прва го проверила нејзиното ливче и донела заклучок дека нема добивка, но дека таа повторно го проверила ливчето поради тоа што медиумите објавиле дека добил некој од нејзиниот регион.

„Се случува нешто неверојатно“, помислила таа.

Власова вели дека дел од парите планира да ги донира за добротворни цели.

Видете ја нејзината реакција откако дознала дека е добитничка:

 

Scroll to Top