Руска подморница стигна до најдлабокото место на Земјината кора

Руската мини подморница „Витез“, без екипаж успешно се спушти на најдлабокото место на Земјината кора и најдлабокиот дел од светскиот океан, пишува sputniknews.

Подморницата успешно се спуштила на дното на Маријанскиот ров, најдлабокот место на Земјината кора и најдлабокиот дел од светските океани.

„Осми мај, 2020 година, во 22 и 34 часот по московско време, рускиот автономен подводен апарат, без екипаж „Витез“, се спушти на дното на Маријанскиот ров“, соопштиле од Фонда, центарот за перспективни истражувања.

Сензорите на подводниот уред забележале длабочина од 10.028 метри. Познато е дека уредот се наоѓал под вода, повеќе од три часа.

Во декември 2019 година, Русија беше осомничена дека планира да го пробие Маријанскиот ров и да предизвика цунами за да ги уништи САД.

Таквите сомнежи ја создадоа веста дека Министерството за одбрана на Русија, планира да направи подморница за истражување на големи морски длабочини, со која би стигнале на дното на Маријанскиот ров.

Претседателот на Академијата за геополитички прашања, капетан Константин Сивков, истакна дека таквата подморница е неопходна за тајно откривање и проучување на воени објекти, кои се наоѓаат на дното на океанот.

Маријанскиот ров е сместен во западниот дел на Тихиот океан и се наоѓа на длабочина од 11.000 метри. Досега само четири лица се спуштиле до дното на океанот.

 

 Извор/sputniknews
Scroll to Top