Две години подоцна ги имало речиси 8.000, а секоја броела меѓу 50 и 1.000 члена. Руската мафија е израз кој во најширока смисла на зборот ги опишува групите на организираниот криминал што оперираат на подрачјето на Русија или чие членство потекнува од државите на поранешниот СССР. Под тоа се подразбира широк распон на разни организации, многу често темелени на етнички принцип, па така се говори за чеченската, грузиската, украинската, азербејџанската и други мафии.
На подрачјето на самата Русија најпознати се криминалните организации познати како Долгопруденска, Измаиловска и Солнчевско братство.
Организираниот криминал на подрачјето на Русија, односно поранешниот СССР, постоел уште во царската ера, но поцврст облик почнал да добива за време на советската ера, односно преку дупките во законите и преку припадниците на затворските банди наречените Гулази, кои биле карактеризирани по својата цврста хиерархија, силна организација и кодекс на однесувања.
По смртта на Сталин, а особено во последните децении на советската ера, поттикот за организиран криминал ги претставувал економските околности, односно барањата за стока која можела да се набави единствено преку црната берза.
Русија за време на Горбачов имала 785 криминални групи. До 1994 година тој број пораснал на 5.691. Две години подоцна биле речиси 8.000, а секоја од нив имала меѓу 50 и 1.000 члена.
Групата организирани криминалци својот врв на дејствување го имале во ерата непосредно по распадот на СССР, односно посткомунистичката транзиција, кога вешто го искористиле колапсот на поранешниот и неизграден нов систем за низ широко распространетата корупција и застрашување да вршат огромно влијание врз економијата и политиката, што било тешко да се направи разлика меѓу нив и новиот естаблишмент.
Според одредени процени, во 1990 организираниот криминал под своја контрола држел околу 2/3 од сите ресурси на руската економија. Организираниот криминал по потекло од СССР својата активност ја разгранил и надвор од своите граници вклучувајќи ги не само Источна Европа и многубројните западни земји, туку и САД.
(Продолжува)