Руската воена униформа во иднина ќе биде отпорна на нуклеарни експлозии

Руската борбена униформа од следната генерација, „Ратник 3“, добила надградба од часовник кој е отпорен на нуклеарна експлозија. Униформата вклучува 59 други хај-тек карактеристики за да се создаде најнапреден оклоп за човечко тело.

Според соопштението објавено од прес-службата, главниот дизајнер на системот за одржување на животот во борбената униформа во Централниот научноистражувачки институт за прецизен машински инженеринг, Олег Фаустов, вели: „Часовникот, кој го вклучивме во опремата на ‘Ратник’, ги задржува своите својства и покрај влијанието на зрачењето и електромагнетните импулси, на пример, нуклеарна експлозија.“

Часовникот исто така и работи под вода. Меѓу другите 59 додатоци на оваа униформа, спаѓаат и подвижниот егзоскелет, за кој се вели дека им дава на војниците поголема сила и издржливост; најновата технологија на оклопни тела; и целосен визир и шлем, кој го покрива лицето, опремен со дисплеј. Според рускиот државен медиум ТАСС, тежината на завршената борбена униформа ќе се намали 30 отсто кога ќе биде пуштена во употреба на терен. Се очекува „Ратник 3’“да биде подготвен за употреба до 2022 година.

САД исто така работат на нивен високотехнолошки борбен костум, кој инспириран од поп-културата, е наречен „Ајрон мен“. Се развиваат и дронови што ќе пренесуваат оружје до војниците, а исто така постои и обука на војници за борба во вселената.

 

Scroll to Top