Руски авион се продава како алва

Неделава во Обединетите Арапски Емирати се одржува „Дубаи еир-шоу“, каде што ќе се претставуваат производите на низа произведувачи од подрачјето на цивилната и воена авиоиндустрија.

Меѓу нив е и русата компанија UAC (United Aircraft Corporation) која ги произведува познатите воени авиони од типот Сухој.

Тие на аеромитингот го испратија својот најдобар воен авион Сухој Су- 35 С, кој во моментов се наоѓа во оперативна служба (конкретно во составот на Воздушните сили на Руската федерација).

Деновиве се очекува државниот врв на Емиратите да набави најмалку десет вакви авиони од овој тип.

Рускиот пилот уште првиот ден, во неделата, со својот лет од осум минути демонстрираше што сè може овој повеќенаменски воен авион да направи, а чија главна функција му е да оствари надмоќ во воздух.

Овој тип авиони почна да се развиваат од 2003 година, а воздушните сили на Руската Федерација првите 12 примероци ги доставија на крајот на 2013. Во октомври годинава во нивниот систем биле направени 64 авиони од овој тип, а до 2020 година планирано е да се произведат најмалку 98.

Scroll to Top