Руски актер најден мртов во неговиот стан

Рускиот актер Виталиј Алшански (53) е пронајден мртов во неговиот стан, пишуваат тамошните медиуми. Негов близок пријател кој му дошол во посета не можел да влезе внатре.

Откако повикал полиција, тие морале да провалат во станот. Причината за смртта засега се истражува. Неговите пријатели велат дека Виталиј во последно време имал проблем со високиот притисок, но дека освен тоа, тој не се жалел на ништо друго.

Руските медиуми пишуваат дека тој со денови не контактирал со никого. Живеел сам, а неодамна во неговиот стан ја пријавил и неговата сестра. Пријателите го контактирале секојдневно, а пред неколку дена го прекинал контактот со сите нив.

Руските медиуми пишуваат дека пред пет години почнале проблемите на работа, затоа што никој не му се јавувал за снимање. Учествувал само во една смешна програма која одела на еден руски канал, која не му одговарала.

Scroll to Top