Руски град му се заканува да биде проголтан од најголемиот рудник во светот

Најголемиот рудник на дијаманти во некогашниот Советски сојуз, под името Мирни, изгледа како да ќе проголта цел руски град кој настанал околу него. Поради неговата огромна површина и специфични атмосферски услови, над истоимениот руски град, забранети се летови со хеликоптер, затоа што се забележани случаеви на вшмукување на леталата кои се наоѓаат над него.

Кратерот на рудникот е длабок 525 метри, и широк 1,2 километри и претставува еден од најголемите во светот.

Градот Мирни, кој се води како престолнина на руски дијаманти, се наоѓа во Јакутија, Република Саха, а го добил името по дијамантскиот кратер „Мир“, кој е отворен во 1955 година.

 

После две години, па се до 2001 година, „Мир“ на светот му дал дијаманти во вредност од 17 милијарди долари. Овој драгоцен камен кој има лош квалитет се користи за изработка на инструменти, а квалитетните ги испрќаат во Индија на обработка.

Од 2001 година, ископувањето се врши преку подземен пат, затоа што рудникот е конзервиран.

Во градот живеат околу 35.000 луѓе, а просечната плата е поголема и од таа во Москва.

 

Рудникот во 2004 година бил затворен, а бил значаен извор на приходи за целата држава.

 

Scroll to Top