Руски хеликоптер испали ракети кон паркирани возила – Повредени невини цивили

By
Руските портали денеска објавија дека две лица се повредени за време на воената вежба „Запад 2017“ кога  хеликоптер по грешка испали ракети кон паркирани возила.

На видеоснимката објавена на порталот „66.ru njuz“ се гледаат два хеликоптера кои летаат премногу ниско, а потоа едниот испалува ракета која експлодира недалеку од група луѓе кои ја следат вежбата.

Порталот наведува дека се повредени две лица и се уништени две возила, како и дека инцидентот се случил во неделата или во понеделникот, пренесува AP.

Руската војска ја потврди веродостојноста на видеоснимката, но демантираше дека тоа се случило во понеделникот.

Војската не прецизираше кога и каде се случил инцидентот и тврди дека никој не е повреден.

„Ројтерс“ наведува дека истото видео го има објавено и рускиот портал „Fontanka.ru“ и дека на снимката се гледа дека хеликоптерот испалил повеќе ракети кон воениот камион прекриен со камуфлажна мрежа.

Видеото го видеото:

Ќе ви се допадне