Рускиот народ се крена на протестни акции против високите цени на горивата. Локалниот политичар од Камачатка, Михаил Пучковски во знак на протест против високите цени го продал својот автомобил и купил коњ. Сега животното го користи како превозно средство до работа.
Полицијата наводно го укорила поради тоа затоа што вакво однесување не му доликува на едно официјално лице.
„Откако дојде на седница, веднаш добив повик да се појавам на судење за административен прекршок“, изјавил Пучковски, пренесува ТАСС.
Сепак, Пучковски продолжува да протестира против зголемените цени на горивата. Тој вели дека не е единствен кој својот протест го искажува со јавање коњ низ градот.
Со зголеменото ДДВ, нафтата ќе добие астрономски цени, а Камчатка ќе биде на раб на опстанокот, особено пензионерите.
Многу Руси излегле на улиците за да го искажат својот бес и тврдат дека Русија повеќе се грижи за извозот на своите енергенси отколку што се грижи за својот пазар.
Министрите на Путин изјавиле дека владата вовела чекори за да го прекине порастот на цените и ветила понатамошни мерки за стабилизација.