Руски војник во обид да подгрее ручек уништил тенк

Рускиот војник Семен Мережнијков, сакајќи да подготви ручек на теренот на Крим, уништил оклопен транспортер БТР, вреден половина милион долари.

Семен се обидел да го подгрее ручекот додека неговата единица престојувала на теренот на Крим, но пламенот го зафатил оклопниот транспортер и целосно го уништил.

Несреќата можела да се претвори во трагедија затоа што на снимката може да се забележи како војникот со храна во устата се обидува да објасни што се случило, а истовремено се трудел да го изгасне пламенот што го зафати неговиот тенк.

Во обид да му објасни на својот офицер што се случило Семен изјавил дека ископал дупка за да запали оган, но огнот го зафатил и оклопниот транспортер затоа што бил покриен со маскирана мрежа и сува трева.

Несреќниот војник со одлука на воениот суд е казнет со шест месеци престој во казнениот логор.

Scroll to Top