Руски вооружени бродови кружат околу Сирија

Руски бродови целосно вооружени со воена опрема, но и припадници на руските сили за специјални операции се забележани при преминување низ Босфор, на пат кон Сирија.

Турските активисти кои го надгледуваат Босфор ги снимиле новите руски вооружени транспортери како влегуваат во Медитеранот и се движат во правец на Сирија.

На снимките што се појавиле денеска е прикажан веќе добро познатиот руски транспортен брод „Ро-Ро Варјаг“, кој во текот на претходните две години е редовен на линијата кон Тартус.

Иако најголемиот дел од транспортот се наоѓа под палубата, јасно е дека е во прашање префрлање разни видови вооружување и опрема во Сирија.

Освен „Варјаг“, снимен е и бродот LST Orsk, класата „тапир“, на кој освен опремата, се забележани и припаднички на руските сили за специјални операции.

Орск, освен активистите, привлече и големо внимание на турската крајбрежна стража, чии патролни чамци од непосредна близина го следеле неговиот премин низ Босфор.

Истовремено, индикативен е фактот дека претходните неколку недели Американците испратиле повеќе илјади војници и огромна количина воена опрема во опкружувањето на Сирија.

 

 

 

Scroll to Top