Рускиот новинар кој си ја лажираше смртта во Киев бара 50.000 долари за интервју

Рускиот новинар Аркади Бабченко, кој пред неколку дена го измами целиот свет, кога ја исценира својата смрт во Киев, сега бара 50.000 долари (околу 42.000 евра) за ексклузивно интервју.

Службата на државната безбедност на Украина (SBU) соопштила минатата недела дека ја лажирале смртта на новинарот за да ја осуетат намерата на Русија да го убие.

Следниот ден откако се појави живо на конференција за новинари, Бабченко во интервјуто ја критикувал својата новинарска етика, велејќи дека стравот за сопствениот живот имал предност.

„Ве молам немојте да ме вознемирувате. Дозволете ми да живеам. Фала ви“, напишал Бабченко во понеделникот на Фејсбук.

Медиумите пренесуваат дека на овој начин им ставил до знаење дека сака со нив да направи интервју.

„Во моментов сум во голема невојла и морам повторно да започнам со својот живот  да размислам како да ги подобрам моите оцени и содржина. Затоа ајде да се договориме: 50.000 долари и ексклузивното интервју е твое“, напишал тој.

Потоа додал дека државниот канал на Русија му ја понудил оваа сума без преговори.

Жестокиот критичар на Кремљ и рускиот учесник во војните во Сирија и Украина, ја одбил понудата на руската телевизија.

„Понудата е единствено за медиумите, а не за пропагандистите“, напишал тој на Фејсбук.

 

Scroll to Top