Претседателот Владимир Путин ја пофали иницијативата на најголемиот руски авиопревозник „Аерофлот“, кој ќе им овозможи на навивачите еднонасочен билет кој ќе ги чини само пет рубли (0,09 долари) за време на годинашното Светско фудбалско првенство.
Извршниот директор на компанијата „Аерофлот“, Виталиј Савелиев, изјави дека компанијата е подготвена да овозможи значителен попуст за руските навивачи што ќе ја бодрат репрезентацијата на мечевите на Светското фудбалско првенство во 2018 година допуштајќи им да купат еднонасочен билет за исклучително ниска цена од 5 рубли.
„Нема да ги пренесуваме руските навивачи бесплатно, туку тоа ќе го направиме за 5 рубли“, изјави во четвртокот Савелиев на состанокот со рускиот претседател.
„Сакаме да ги поттикнеме сите руски фанови што ќе ги посетат мечевите на репрезентацијата. Ние ќе ги пренесеме сите руски навивачи во кој било град во Русија со нашиот распоред на летови. Цената за еднонасочниот билет ќе изнесува само пет рубли, вклучувајќи ги и даноците и доплатата за гориво. За да се избегне метежот, ќе почнеме да ги продаваме билетите три дена пред закажаните натпревари“, истакна тој.
The World Travel Awards е оскар во туризмот и да победите во една таква престижна категорија мора да вложите многу години работа и труд. Денеска компанијата „Aерофлот“ е една од светските топ 20 воздухопловни компании по бројот на патници“, коментира Савелиев по освојувањето на престижната награда.
„Се гордеам што сме препознаени како водечки светски воздухопловен бренд. ‘Аерофлот’ ќе направи сѐ што може за овој наслов да остане во нивните раце“, додаде тој.
„Аерофлот“ исто така оваа година е награден со четири ѕвездички за квалитетот на своите воздухопловни услуги на персоналот од страна на рејтинг-агенцијата SkyTrax и е препознаен како глобална воздухопловна компанија за 2018 година од страна на асоцијацијата Airline Passenger Experience Assoiation (АPEX).
Компанијата исто така потпишала договор со клубот од англиската Премиер лига, Манчестер јунајтед, што значи дека ќе остане службен превозник на клубот.