САД e најголем производител на оружје во светот

САД е земја која е најголем производител на оружје во светот. Ова го покажуваат податоците од Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхлом. Според истиот сто најголеми производители на оружје во светот, минатата година направиле вкупен промет од 420 милијарди долари, што претставува 4,6% повеќе од 2017 година.

Оваа сума е извесно дека е поголема, затоа што во неа не се земени во предвид производителите од Кина. Најголемиот раст на продажба го имале најголемите американски компании, додека Европјаните имале раст од 0,7 проценти, со заработка од 102 милијарди долари.

Од друга страна, руските фирми со 36,3 милијарди долари имаат намален промет и тоа за 0,4′. Првпат од 2002 година, пет најголеми производители на оружје, го прават исклучиво американски компании, кои бележат дури 35% промет меѓу стоте најголеми производители на оружје во светот.

Само компанијата „Lockheed Martin“ прави 11% од вкупната продажба на стотте најмоќни фирми. Минатата година оваа компанија најмногу заработила и профитирала од продажбата на авиони F-35, на американската и други војски. Меѓу стотте најголеми компании за производство на оружје, 27 доаѓаат од европскиот континент.

Тука предничат компании кои потекнуваат од Велика Британија чие оуржје и услуги годишно во просек чини околу 35.1 милијарда долари. Потоа следуваат компании од Франција со 23,2 милијарди и Германија со 8,4 милијарди продажба.  Руските компании оствариле удел од 8,6% обрт, од стотте најголеми светски фирми.

Од 2009 година, уделот на руски компании во производство на оружје, континуирано се зголемува, пишува SIPRI.

„Причината пред сè се зголемените руски инвестиции во производството на оружје, поврзано со примена на големиот план за воена модернизација за временскиот период меѓу 2011 и 2020 година, наведува SIPRI. Во помала мера, за растот заслужен и и извозот на руско вооружување.

На листата на сто најголеми производители на оружје има и фирми од осум други земји. Станува збор за Израел, Јужна Кореја, Турција, Австралија, Канада и Сингапур. Тие фирми остваруваат промет од 36,2 милијарди долари.

Scroll to Top