САД повторно ќе користат смртна казна, закажано погубување на пет затвореници

Министерството за правда на САД закажа погубување на пет затвореници, откако државниот обвинител Вилијам Бар објавил дека повторно е воспоставена смртна казна која ќе ја спроведе федералната влада.

„Конгресот одобрил смртна казна преку законот што го усвоиле претставници на народот во двата дома и кој го потпишал претседателот“, изјавил Бар.

„Министерството за правда го поддржа владеењето на правото, а ние им должиме на жртвите и нивните семејства, казни кои ги има наметнато нашиот правосуден систем“, додал Бар.

Во моментов смртна казна чекаат 62 федерални затвореници, вклучувајќи го и Џохар Царнајев, кој подметнал смртоносна бомба на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Министерството за правда соопштиле дека е закажано погубување на пет затвореници кои се осудени за страшни убиства и сексуални злосторства, пренесува „Ројтерес“.

Сите пет казни ќе бидат извршени со смртоносна инјекција, со лекот фенобарбитал. Дастин Ли Хонкен, кој убил пет лица, ќе биде погубен на 9  декември 2019 година.

Scroll to Top