Само една земја ќе ја задржи воената моќ во Европа до 2030 година

САД, Русија, Кина, Индија и Франција до 2030 година ќе бидат земји со најсилни копнени воени сили на светот. Воениот аналитичар Роберт Ферли во текстот објавен во американскиот портал „Nаtional Interest“, смета дека руската војска, по распадот на СССР, минала низ тежок период, и дека изгубила повеќе ресурси и политичко влијание, но и човечки потенцијал.

Сепак, благодарение на финансирањето во вооружените сили, Руската Федерација повторно се имаат зајакнато, а тоа особено се однесува на елитните единици.

Ферил проценува дека руската војска во иднина ќе се најде низ низа на проблеми, меѓу кои наведува и отежнат пристап на технологии и недостаток на луѓе. Индија заостанува зад конкуренцијата по квалитетот на воена опрема, но тој проблем го надокнадува со човечка и набавка на оружје во европските земји, Русија, Израел и САД.

Кинеската војска, смета Ферли, нема доволно искуство во реалните борби и на земјата и недостигаат финансии, но Пекинг има на располагање, речиси неограничен човечки потенцијал и контролира многу повеќе ресурси од која било друга војска на светот“.

Франција е единствена земја во Европа која ќе ја задржи моќната војска. Ферли објаснува дека француската војска на располагање има одлично оружје, вклучувајќи и тенкови и артилерија.

Американската војска, како што тврди Роберт Ферли, по 12 години и понатаму ќе остане светски „златен стандард“. Американците се стекнале со значително искуство во борбените операции, на пример во Ирак и Авганистан. Освен тоа САД имаат најсилна флота на беспилотни летала, што им овозможува да бидат прецизни во воздушните напади.

 

Scroll to Top