Самохран маж посвоил сираче од Камбоџа, кое од неухрането дете со тешки инфекции стаса да ја претставува САД на Олимпијада

Американецот Џери Виндл во 2000 година го посвоил Џордан, момче од Камбоџа, откако му кажале дека не може да посвои дете во Америка како самохран родител хомосексуалец. Момчето чии родители биле починати, го нашол во сиропиталиште. Имало две години, а само седум килограми, неухрането и со тешки инфекции. По неколку месеци Виндл успеал да го донесе во Америка. Џордан почнал да се интересира за спорт и оваа година ги претставуваше САД на Олимпијадата во Токио.

Животната приказна на Џери и Џордан ја пренесоа и светските медиуми. Џери отсекогаш сакал да биде татко. Тој долго време се борел со процесот на згрижување, кога видел статија за животот на сирачињата во Камбоџа. Вели дека не се двоумел и веднаш исконтактирал со претставници на Камбоџа. Тој во јуни 2000 година отишол во Пном Пен, каде што го запознал својот син, Џордан.

По враќањето во САД, тие се соочиле со многу пречки. Џордан имал многу здравствени проблеми, бил исцрпен и слаб и комуницирал со Џери со рацете пред да научи англиски. Џери не знаел дали Џордан ќе преживее, но си ветил дека ќе стори сé што може за да не мора повеќе да страда.

Откако станал посилен и пораснал, Џордан почнал да нурка. Неговите олимписки соништа почнале да се остваруваат кога наполнил седум години. Во кампот кај што тренирал тој го привлекол вниманието на Тим О’Брајан, син на познатиот тренер за нуркање Рон О’Брајан. Џордан влегол во специјална програма и започнал да ги постигнува своите први успеси.

Оваа година, тој ги претставуваше САД на Олимписките игри во Токи. Тој е првиот скокач на вода со камбоџанско потекло кој настапи на Олимпијадата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Windle (@jordanpiseywindle)

Scroll to Top