Санта мраз двојно поголема од државата Луксембург се одвоила од Антарктикот и испуштила слатка вода во океанот, со која може да се наполнат 61 милион олимписки базени

Огромен ледник поголем од државата Луксембург, кој се одвои од Антарктикот во 2017 година се стопил. Експертите предупредуваат сега дека слатка вода која можела да наполни 61 милион олимписки базени, завршила во океанот.

Тие сега го поставуваат прашањето за влијанието на морскиот екосистем. Огромната санта лед била двојно поголема од Луксембург, кога се одвоила од ледената плоча Ларсен. Експертите велат дека таа се загреала побрзо од било кој друг дел во најужниот континент на планетата Земја.

Со 5719 квадратни километри, таа била најголемиот леденик на Земјата кој се формирал и шести по големина досега виден, пишува British Antarctic Survey.

Две години леденик тежок милијарди тони, познат и како А-68 пловел во ладните води на Веделовото море пред да почне да плови кон север и да стане закана за британскиот остров Јужна Џорџија. Тој патувал околу 4000 километри од неговата почетна точка.

Сантата мраз А-68, откако се одделила, претставувала опасна закана за британскиот остров на крајот на 2020 година, откако многу се доближила до него. Експертите биле загрижени дека таа може да заглави на морското дно и да ги блокира океанските струи и да го спречи преминато на илјадници пингвини.

Но, според новата студија, сантата мраз за кратко го допрела морското дно, брзо се стопила во топлиот регион околу Јужна Џорџија и изгубила значителна количина од својата маса до моментот кога стигнала до плитките води.

Научниците кои го следеле нејзиниот пат преку сателити, пресметале дека сантата мраз до крајот на 2020 година, до денес испуштила вкупно 152 милијарди тони слатка вода богата о хранливи супстанци во морето.

 

Scroll to Top